Белград и Приштина да се охрабрат за успех на дијалогот во интерес на нивните народи, порача Борел

Од:

Сакаме да дадеме се од себе за да им помогнеме на Косово и Србија да најдат начин за помирување и нормализирање на нивните односи, затоа што без тоа нема да можат да напредуваат на својот пат кон ЕУ, нагласува високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел во интервју за МИА.

– Мојата улога е да го олеснам дијалогот и јас сум целосно вложен во него со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ Лајчак, кој се занимава со интензивна шатл-дипломатија меѓу Приштина, Белград и европските главни градови. Во нивни интерес и во корист на нивниот народ е да ја пронајдат потребната политичка храброст за да успее дијалогот. Ќе продолжиме да им помагаме колку што можеме, но на крајот на нив е да ги донесат одлуките. Непотребно е да се каже дека успешен исход од овој дијалог ќе има и многу позитивно влијание за целиот регион, вели Борел во врска со средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албан Курти викендов во Охрид.

Според Борел, проблемот меѓу Белград и Приштина не претставуваат замрзнат конфликт, туку станува збор за двајца партнери, кои споделуваат проблематично минато и се уште не се во можност целосно да го надминат негативното наследство од минатото.

-Верувам дека се подготвени да најдат решение на преговарачката маса. На крајот, тие сакаат да се приклучат кон Европската Унија, а добрососедските односи се еден од основните принципи на нашата Унија. Затоа им помагаме на Белград и Приштина со дијалогот поддржан од ЕУ да постигнат сеопфатен договор за нормализација на нивните односи, вели Борел, нагласувајќи дека дијалогот е една од клучните компоненти на ангажманот на ЕУ на Западниот Балкан.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0