Бебе, шеста жртва од хеморагична треска во Косово

Од:

Во Клиничко болничкиот центар Косово (КБЦК) во Приштина, регистрирана е шестата жртва од хеморагична треска.

Станува збор за бебе старо една недела кое било заразено, додека мајка му сеуште е во критична состојба. Веста ја потврди Началникот на одделението на Инфективната клиника Сали Ахмети.

– За жал, почина бебе старо само една недела кое беше инфицирано од хеморагична треска. Неговата мајка, исто така инфицирана, сеуште е во тешка здравствена состојба, изјави Ахмети.

Според него другите пациенти кои се хоспитализирани во Kлиниката се во стабилна здравствена состојба.

На 24. јуни беше регистрирана петтата жртва од хеморагична треска. Тоа беше 40-годишно лице од село Крељане, Општина Ѓаковица.

Тогаш Ахмети потврди дека на Клиниката има 12 пациенти од различни региони во Косово, од кои двајца во тешка здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска