Бата Живојиновиќ во критична состојба

Од:

Српскиот актер Бата Живојиновиќ доживеа мозочен удар и се наоѓа во белградската болница „Свети Сава“, каде што лекарите се борат за неговиот живот.

И покрај сите напори на врвните лекари кои биле повикани, прогнозите се обесхрабрувачки.

79-годишниот актер во вторникот доживеал удар, не е во кома, но неговата здрваствена состојба е премногу сериозна, наведуваат српските медиуми повикувајќи се на извори во болницата.

Актерот боледуваше и од гангрена која пред три години ја излечи во Куба и од неа нема ни трага.

Живојиновиќ има снимено над 250 филмови и серии. Неговата најпозната улога е во филмот „Валтер го брани Сараево“ поради кој стана легенда и во Кина.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он