Баша: Ќе се пролонгираат локалните изборите

Од:

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, е категоричен дека локалните избори на 30 јуни нема да се одржат и датумот на нивно одржување ќе се пролонгира.

– Избори на 30 јуни нема да има, датумот на изборите ќе биде одложен. Албанија не е губитник како еквадорска Африка или поранешните советски републики. Без казнување на изборниот криминал почнувајќи од Пешкопеја во 2016 година, без казнување на сторителите на изборниот криминал, никој не може да помисли дека изборниот процес ќе биде гарантиран. Се додека не бидат загарантирани фер и демократски избори, не може да има лажни избори, посочи Баша.

И поранешниот шеф на албанската дипломатија, Паскал Миљо, познат историчар и унверзитетски професор, деновиве коментрајќи ја политичката криза во земјата, изјави дека партиите ќе бидат принудени да побараат компромис за одлагање на локалните избори.

– Вистината е таа, дека опозицијата е на улица. Но, нејзиното постојано излегување на улица може да излезе од контрола, може да создаде тензии. Не го поддржувам она што го направи опозицијата со напуштањето на Парламентот, но се наоѓаме пред непобитен факт, кој не може да се смени и јас предвидувам дека кризата ќе се продлабочува.

Таа опозиција повеќе не се враќа во Парламентот, иако гледате дека Владата подаде рака за дијалог и ја остави отворена вратата. Случувањата ќе не однесат во почетокот на мај, кога ќе може да ги исцрпат сите можности да се најде компромис. Ќе бидеме пред алтернатива или во јуни да се оди на изборите без опозиција, или изборите да бидат одложени. Категоричен сум во верувањето дека ќе се бара компромис за одложување на изборите, рече Миљо.

– Во меѓувреме Централната изборна комисија, до која опозициските партии не доставја предлози за свои кандидати за општинските изборни комисии и избирачки одбори, нивните места ги пополнува со лица од граѓанскиот сектор. Опозициските партии немаат доставено ни пријави за учество на изборите.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Трета жртва од пукањето во Скадар