Баросо денескa во Тирана

Од:

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жозе Мануел Баросо, по вчерашната посета на Белград денеска пристигна во Тирана.

По средбата со албанскиот премиер Еди Рама, која траеше час и половина,Рама во изјава за новинари искажа голема благодарност до Баросо но и до,како што рече големиот пријател на Албанците.

– Посетата на Баросо беше планира пред три години, но сега таа се реализира веднаш откако Албанија доби канидатски статсус. Тоа е еден долг и нималку лесен пат, кој се заокружи со успех, балгодарение на деветмесечната макотрпна работа на владата, но исто така е процес кој не се однесува само на овие месеци туку на работата во изминатите години. Добивањето статус не го разбираме како трофеј, ни еднострано постигнување, туку како оценка за она што сме го сториле и што треба да направиме. Се уште имеме домашна работа која треба да ја реализираме, изјави Рама.

Тој го информирал високиот гостин со спроведувањето на економските реформи и му ветил дека ќе ги реалираат сите заостанати реформи изминативе години.

Баросо, кој е на крај од својот мандат, ќе има средба и со шефот на државата Бујар Ноишани, со претседателот на парламентот Илир Мета, со лидерот на опозициските демократи и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, со првите луѓе на највисоките судски инситуции, со кои ќе рзговара околу обврските и петте приоритети кои треба да ги исполни земјата за членство во ЕУ. Тој ќе се обрати и пред пратениците во албанскиот законодавен дом.

За време на говорот на Баросо во албанскиот парламент, во клупите ќе седнат и пратениците на опозицијата кои ја бојкотираа работата на Собранието, откако Сали Бериша беше казнет со десет дена неприсуство во работата на собранието, поради навредите кои гу упати до министерот за труд и социјала, Ерион Велиај.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ