Банката на Кипар казнета поради Грција

Од:

Најголемата кипарска банка и нејзините шест поранешни официјални лица се казнети поради купување на грчки владини обврзници со неинвестициски кредитен рејтинг. Тие обврзници во текот на 2010 година чинеле 2,4 милијарди евра.

Кипарската комисија за хартии од вредности ја казни банката на Кипар со 160.000 евра, поради тоа што навреме не ги информирала инвеститорите, во врска со ризикот од купување во јануари и април 2010 година, пренесе „Асошиејтед прес“.

Двајца поранешни лидери на банката поради неодговорност во вршење на должноста се казнети со околу 120.000 евра, додека четири поранешни членови на комитетот за управување со ризици во банката се казнети со по 10.000 евра.

По загубата за намалување на вредноста на обврзниците кои што ги држаше во рамките на програмата за отпишување на јавниот долг на Грција, банката на Кипар е принудена да побара државна помош.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ