Бања Лука: Поранешниот министер за образование доби девет години затвор поради злоставување 14-годишно девојче

Од:

Окружниот суд во Бања Лука го осуди поранешниот министер за образование на Република Српска и универзитетски професор Ненад Сузиќ на девет години затвор поради сексуално злоставување на 14-годишно девојче.

Покрај затворската казна, на Сузиќ му е изречена и мерка според која повеќе не може да биде професор, како и забрана за приближување и комуникација со одредени лица и приближување на оштетеното девојче.

Во затворската казна е пресметано и времето што Сузиќ го помина во притвор, од 5 јуни до 5 декември 2019 година.

71-годишниот Сузиќ беше уапсен во јуни 2019 година, откако родителите на жртвата пријавиле во полиција. Тој е сосед на злоставуваното дете.

Сузиќ беше министер за образование во првата влада на Милорад Додик, од 18 јануари 1998 до 12 јануари 2001 година. Во 2000 година, неговиот паркиран џип беше разнесен во експлозија во Бања Лука, при што тој не беше повреден.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Истрага за обид за силување во Скопје, притвор за осомничениот велешанец

Маж од радовишко силувал 12-годишно девојче

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор