Бан: Косовските власти што побрзо да воспостават специјален суд

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во најновиот извештај за работата на УНМИК ги повикува косовските власти брзо да воспостават Специјален суд за воени злосторства и да ги зголемат напорите за обезбедува цврст консензус во однос на тоа прашање, јави Танјуг.

Бан го поздрави конституирањето на косовскиот парламент и формирањето нова влада во Приштина, нагласувајќи дека по воспоставувањето на основните институции, косовските власти сега треба повеќе да се насочат кон решавање на проблемите со кои се соочува Косово.

– Важен чекор за владата и парламентот би било брзо усвојување на закон за воспоставување на специјален суд за случаите што произлегуваат од заклучокот на специјалниот истражен тим на ЕУ, како што е договорено меѓу Косово и ЕУ, нагласува Бан во својот тримесечен извештај, објавен на страницата на ОН.

Тој ги повика косовските политички лидери да ги зголемат напорите со цел јакнење на разбирањето и консензусот во однос на тоа прашање, со оглед на неговото значење за иднината на Косово.

– Треба да се продолжи и со напорите за почитување на законот и продлабочување на вистинско долгорочно примирје меѓу заедниците на Косово, порача првиот човек на светската организација.

Бан ги повика Белград и Приштина што побрзо, во целост и посериозно да се ангажираат во дијалогот под посредство на ЕУ на ниво на лидери.

Генералниот секретар, исто така, изразува загриженост и за извештајот за растот на бројот на мигранти од Косово во изминатите месеци, и во тој контекст ги поздрави напорите на косовските власти да се посветат на решавање на тоа прашање. Тој, исто така, ги поздрави и брзите чекори што ЕУ ги презема во истрагата за наводите за корупција во ЕУЛЕКС.

– Важно е тие наводи да не се искористат за поткопување на значењето на улогата на ЕУЛЕКС на Косово, како и сите страни да продолжат во целост да соработуваат со мисијата, заклучи Бан.

Вкупната безбедноста ситуација за перидот на кој се однесува извештајот на Косово останува стабилна, иако е регистриран мал раст на бројот на инциденти во области со етнички мешано население.

Извештајот на ОН се однесува на периодот од 16 октомври 2014 до 15 јануари 2015 година, а објавен е во пресрет на седницата на Советот за безбедност на ОН што ќе биде одржана на 6 февруари, на кој документот ќе биде разгледан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски