news.in – Атина
Италијанската влада на премиерот Матео Ренци и Европската комисија изгледа се на готовс за можното појавување на нови бегалски маршрути преку Јадранот по конечното запечатување на балканскиот пат.
Се уште не постои таква реалност, велат извори од двете страни, но комисијата посочува дека во секој случај се подготвуваат „планови за вонредна ситуација“, а италијанскиот министер за внатрешни работи ќе пристигне во следните денови во Албанија.
-До овој момент нема податоци, сведоштва за голем притисок на мигранти преку Јадранското море, рече италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано во Брисел.
– Се навикнавме да правиме прогнози но и да ја следиме реалната ситуација. Логиката ни кажува дека по затворањето на балканската маршрута може да биде отворена друга таква маршрута. Но тоа се размислувања во рамките на нашата логика, а се досега не се факти, допллни тој.
Италијанските медиуми информираат дека во следните денови Анџелино Алфано ќе биде во Албанија, за да ги разгледа најмногу случувањата поврзани со бегалската криза.
Италијанскиот министер за внатрешни работи всушност уште еднаш повтори дека главен приоритет во оваа етапа е значително да бидат намалени бегалските бранови од Турција, а тоа беше одлучено на средбата на врвот на ЕУ.
Што се однесува до веројатноста да се појават нови бегалски маршрути преку Албанија или Италија, портпаролката на ЕУ од ресорот миграција, Наташа Берто, рече дека се уште нема таква реална можност, но спомена дека се „подготвуваат планови за вонредна ситуација“ во случај на појава на такво сценарио.
Наташа Берто истакна дека за време на телеконференциската врска на претставниците на земјите од западен Балкан во средата била претставена информацијата како од страна на агенцијата за управување на надворешните граници на ЕУ, Фронтекс, така и од државите за дополнителните мерки кои ги презеле на своите граници Словенија, Хрватска и Македонија.
– Сите земји потврдија дека следат една и иста политика и дека целосно се придржуваат кон шенгенските норми и според тоа не дозволуваат преку нивната територија да минуваат бегалците кои немаат право на престој, и оние кои немаат намера таму да бараат азил, рече Берто.
Истовремено, во рамките на подготовките за евентуално отварање на нов коридор на бегалците, италијанските карабињери се подготвуваат да патролираат заедно со албански полицајци по грчко-албанската граница за да спречат можно преминување на бегалски протоци од Грција при обид да стигнат до Европа преку Јадранот.
Договорот за заеднички патроли беше постигнат на средбата која се случи во Рим меѓу министрите за внатрешни работи на двете земји, Анџелино Алфано и Сајмир Тахири. Документот предвидува италијанска помош за персоналниот состав и техничките средства за поефикасна контрола на албанската граница со Грција.
Заедно со тоа во рамките на соработката во албанскиот град Флора се сретнаа шефовите на полиците на Албанија и Италија, за да разгледаат детали од договорот за пресекување на миграцијата постигнато од нивните политички шефови.
Италија се обврза дека ќе и даде помош на Тирана откако се вознемири од можен избор на Албанија како транзитна земја за бегалските каравани ќе ги доведе бегалците преку Јадранот на нејзина територија.