Бајден во интервју за „Катимерини“ не го споменува прашањето за името на Македонија

Од:

Американско-грчките односи се од големо значење за двете земји и тоа е силно партнерство врз основа на заедничките вредности кои не прават не само блиски сојузници, туку и добри пријатели, изјави американсиот потретседател Џо Бајден во интервју за „Катимерини“.

Интервјуто е направено во пресрет на денешната средба меѓу грчкиот премиер Андонис Самарас и американскиот претседател Барак Обама, на која, меѓу другото, ќе се разговара и за прашањето за името на Македонија.

– Со нетрпение очекуваме да разговараме за претседателство на Грција со ЕУ во 2014 година, и како ние мислиме дека може да помогне во унапредувањето на нашите заеднички цели. Тоа вклучува се, од проширување на трговијата меѓу Соединетите Држави и Европа до поддршката на меѓународните и ЕУ напорите да се дојде до мирно решение на конфликтот во Сирија, за унапредување на пошироката визија за Европа, цела и слободна, рече Бајден.

Тој додаде дека „САД во голема мера цени се што прави Грција за да помогне во решавањето на голем број глобални безбедносни предизвици – од логистика за сојузничките операции во Либија до поддршката на напорите за стабилизација на Косово“.

– Грција останува глас во источниот Медитеран кој е од суштинско значење. Јас сум охрабрен од неодамнешните напори да се развијат поблиски врски и да се изгради доверба меѓу грчката и турската влада и верувам дека ова може да има позитивен ефект врз безбедноста и стабилноста во целиот регион, вклучително и во Кипар.

– Во однос на вториот проблем, со нетрпение го очекуваме продолжувањето на преговори и подготвени сме да соработуваме тесно и активно со Обединетите нации, двете кипарски заедници, како и со Турција и Грција, за да се најде взаемно прифатливо решение кое ќе доведе до помирување и повторно обединување на островот како федерациjа на две зони и две заедници, изјави Бајден за „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари