Бајден: САД признаваат само еден Кипар

Од:

САД признаваат само еден Кипар со неговата легитимна влада во Никозија, изјави американскиот потпретседател Џо Бајден, кој синоќа допатува во Ларнака, со што ја започна официјалната посета на поделениот остров.

Како што јави Радио Атина, Бајден изјави дека не носи никаков план за решавње на кипарскиот проблем, ниту пак има намера да наметнува некакво решение.

– Сакам само да помогнам во преговарачкнот процес за изнаоѓање формула за обединување на островот, нагласи Бајден.

Ова е прва посета на еден американски потпретседател на Кипар во последниве 52 години. Последен пат Кипар го посетил тогашниот потпретседател Линдон Џонсон во 1962 година.

Предвиденио е на Кипар  Бајден да се сретне со лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Ансатасијадис и Дервиш Ероглу, со кои ќе разговара за мировниот процес за постигнување трајно решение за кипарскиот спор. Покрај за кипарскиот проблем, се очекува со своите домаќини Бајден да разговара и за наоѓалиштата на гас во крајбрежјето на Кипар, кои би можеле да ја претворат земјата во важен извор на енергенси во регионот, како и за резервите на Никозија кон воведувањето дополнителни санкции кон Русија поради украинската криза.

Најавено е Бајден да има средби и со претставници на Мисијата на ОН на Кипар, со верски лидери, претставници на политичките партии и бизнисмени.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија