Австриска полиција: Ги бараме овие две жени, роднините рекоа дека на видеото е Данка

Од:

Виенската полиција излезе со соопштение за медиумите во кое достави две нови фотографии од две жени со дете кое наликува на исчезнатата Данка Илиќ (2).

Во соопштението полицијата наведува и дека роднините на исчезнатото девојче го гледале видеото направено на станицата во Виена и дека претпоставуваат дека тоа би можело да биде Данка. Според соопштението, тие во моментов трагаат по жените кои биле во друштво на девојчето кое личи на Данка и ги повикуваат луѓето да се јават во полиција доколку знаат каде се наоѓаат.

Австриската полиција апелира до сите граѓани кои ги виделе двете жени снимени со девојчето веднаш да се обратат во полиција.

Да потсетиме, малата Данка исчезна на 26 март во близина на Бањско Поле во Бор и оттогаш се води интензивна потрага по неа. На 30 март жител на Виена, родум од Србија, на трамвајска станица снимил девојче кое наликува на малата Данка во придружба на две непознати жени. После тоа била издадена жолта наредба за претрес на Интерпол, а во потрагата веднаш се вклучила и криминалистичката полиција на Австрија.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка