Австрија и го престави на Србија нон-пејперот за процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград разговараше со австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг за билатералната и економската соработка, европската интеграција на Србија, геополитичките прашања и мирот и стабилноста на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

-Шаленберг му го претстави на Вучиќ нон-пејперот кој Австрија неодамна го проследи до земјите-членки на ЕУ со желба да го направи процесот на проширување на ЕУ многу поопиплив, но и да создаде можност земјите-кандидатки постепено да се интегрираат во политиките на Европската унија од кои сите ќе имаат корист, се наведува во соопштението на прес службата на српскиот претседател.

Претходно Шаленберг на прес конференцијата со шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ кажа повеќе во врска со австрискиот нон пејпер.

-Нашиот предлог е земјите од регионот чекор по чекор од една област во друга, без разлика дали е енергетика, сообраќај или нешто друго, да ги третираме како полноправни членки. Европската перспектива не е еднонасочна улица. Се соочуваме со радикален потрес на нашиот безбедносен систем во Европа. Никој не може да се надева дека ќе биде само посматрач од страна, подвлече тој.

Тој објасни дека предлогот на таа земја претставен во „нон-пејперот“ нема никаква врска со војната во Украина, туку се работи за добро познатиот став на Австрија, дека европската перспектива на земјите кандидати мора да биде поконкретна.

-Важно е да се нагласи една работа, идејата што ја презентиравме во „нон-пејперот“, тој австриски предлог нема никаква врска со рускиот напад врз Украина. Тоа се идеи што делумно ги изнесувам долго време, рече Шаленберг.

Како што појасни, станува збор за идејата наместо да се размислува „во шаблони“, што подразбира дека постои целосен пристап, а пред тоа преговори, додека измеѓу постои само економски простор, не може да се продолжи исклучиво со тоа.

Тој рече дека процесот на евроинтеграции е премногу бирократски и мора да се најде начин луѓето во ЕУ, но и во земјите кандидати да имаат чувство дека членството во Унијата е нешто за што сериозно се размислува и дека веќе има конкретни резултати.

-Се работи на тоа да се започне дебата. Австрија е толку тесно поврзана со регионот што наш суштински, личен и геостратешки интерес е овој регион да се развива во насока на просперитет. А тоа ќе биде можно само во ЕУ, рече Шаленберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија