Австралиски Грци ќе ја претвораат Итака во „мало Монако“

Од:

Група австралиски Грци најавија амбициозен план за изградба на туристички комплекси на островот Итака во Јонското Море, нагласувајќи дека нивна цел е да го претворат во „мало Монако“.

Инвестицискиот план предвидува изградба на шест суперлуксузни хотели, поголем број вили, терен за голф, пристаниште за 200 јахти и целосно опремена туристичка населба.

Идејата за ваквиот проект се јавила уште пред десет години и, според инвеститорите, сега дошле до последната фаза од подготовките на проектот.

Локалните жители на Итака се надеваат дека со ваквата инвестиција нивниот остров ќе се стане дел на светската мапа на луксузни туристички места.

Итака, кој од грчката митологија е познат како родното место на Одисеј, на овој начин се очекува да стане втор туристички рај во Јонското Море по соседниот остров Оксија, кој неодамна го купи еден од синовите на емирот од Катар за сума од 4,9 милиони евра и најави изградба на туристички комплекс на него.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица