Димитрис Аврамопулос си даде оставка од позицијата заменик-претседател на Нова демократија. Грчкиот комесар, кој важеше за десна рака и близок соработник на Андонис Самарас, посочил дека се повлекува поради големиот обем на обврски што ги има како еврокомесар.
Аврамопулос упатил и критика за неуспехот на Нова демократија на изборите, коментирајќи дека во јануари голем дел од грчкиот народ ѝ завртел грб на партијата. Според Аврамопулос, Нова демократија не може за сопствениот пораз да ја обвинува СИРИЗА, туку треба да ги препознае грешките и да биде самокритична за да се подобри и да ја подобри политиката.
Во партијата постојат голем број превирања и незадоволство по поразот на изборите, се слушаат бројни шпекулации дека можно е да се бара оставка од Андонис Самарас на идниот конгрес на партијата. Поранешниот премиер истакна дека на конгресот нема да стане збор за промена на лидерството на партијата, јасно посочувајќи дека нема намера да се повлече од лидерската позиција на десничарската партија.
Извор: Мета