Аврамопулос: Атина е одлучна да го продолжи планот за смели реформи

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска уверуваше дека неговата земја е одлучна да продолжи со „својот план за смели реформи“ и посочи дека Грција веќе постигнала „забележителен напредок“, пренесоа агенциите.

-Забележавме забележителен напредок и впечатливо намалување на нашиот државен долг, изјави Аврамопулос по средбата со својот француски колега Лоран Фабиус. „Согласни сме дека против кризата треба да се бориме заедно со нашите партнери. Треба да ги зголемиме нашите напори“, додаде тој.

Фабиус уверува дека Франција секогаш „била и е до Грција, која минува низ еден исклучително тежок период“.

-Грција е неопходна за европската стабилност, изјави тој.

Исто како Германија и останатите земји од еврозоната, Франција игра двојна улога во Грција: таа ем е дел од тројката кредитори на Атина – ЕУ, Европската централна банка, Меѓународнит монетарен фонд, кои наметнуваат радикални реформи и значително го намалија животниот стандард во земјата и ја продлабочија рецесијата, ем е дел од европската експертска група, која, пак, треба на земјата да и помага да ја модернизира државната дејност и да направи структурни реформи.

Францускиот претседател Франсоа Оланд овој месец треба да ја посети Грција, соопшти во петокот делегираниот министер за Французите во странство, Елен Конве-Муре.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната