Авионите на бугарската армија останаа без дозвола за летање

Од:

Бугарскиот министер за одбрана Ангел Најденов изјави на прес конференција дека воените авиони на државата немаат дозвола за летање бидејќи поранешната власт не извршила потребни сервиси.

Најденов додаде дека само за модернизација на воените авиони МИГ-29 неопходни се 75 милиони евра.

– Владата на поранешниот премиер Бојко Борисов ни остави тежок мираз…Техничкиот век на тие авиони истекува во 2029 година и за нивни технички сервис до тој период неопходни се 250 милиони евра, изјави Најденов.

Според него, поради севкупната економска ситуација неможно е да се размислува за купување нови воени авиони, а поранешната власт ја обвини за големи неуспешни проекти и занемарување на основните јавни потреби.

Би можело да ве интересира

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16