Авион на компанијата Емирати што од Атина попладнево полетал за Њујорк, откако стигнал над Италија, се враќа во Грција, односно на атинскиот аеродром, поради, како што објавија грчките медиуми, сомнителен патник, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, грчките власти добиле информации за сомнителен патник во еден од двата планирани летови на Емирати од Атина, едниот за Дубаи, другиот за Њујорк.
Па така, едниот што сè уште бил на атинскиот аеродром, а требало да се упати кон Дубаи, бил проверен, без да биде пронајдено нешто сомнително, додека пак вториот лет, додека бил на пат кон Њујорк и летал над Италија добил наредба да се врати во Атина.
Извор: МИА