Атлантскиот совет: Потребен е американски ангажман на Западен Балкан

Од:

Сега е вистинското време за обновен американски ангажман на Западен Балкан, смета потпретседателот на Атлантскиот совет во Вашингтон, Дејмон Вилсон.

– Во нашето истражување порачуваме дека е време САД повторно да покажат јасна визија дека Западен Балкан ќе биде дел од трансатлантската заедница. Тоа е наша визија, стратегија и партнерство со Европската унија. Второ, постои одредена област во која САД имаат изразена улога, а тоа е безбедноста. Третиот елемент е политичката динамика, и последно, Западен Балкан мора да биде интегриран во ЕУ, кога се во прашање сообраќајот и енергетиката, посочи Вилсон.

Вилстон истакнал дека доколку САД останат неодлучни, ќе се создадат услови за погрешна ситуација, како во 2008 година кога Македонија не успеа да влезе во НАТО, на самитот во Букурешт, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.

– Да утврдиме специфичен начин на кој САД можат да помогнат, а тоа е силен дипломатски пат, со цел Приштина и Белград да можат да дојдат до заклучок, како и да се утврди пат за поврзување на Атина и Скопје, смета Вилсон, нагласувајќи дека тоа може да се постигне со меѓусебна заложба на американската дипломатија и Европската унија.

Во среда во Вашинтон Атлантскиот совет организира конференција, која според Вилсон ќе биде можност за лидерите од Западен Балкан да се сретнат со високи претставници на Стејт департментот.

– Тоа покажува дека постои политички апетит и интерес, и со поддршка од Американскиот конгрес и заедно со Европската унија, да обезбедиме трајно присуство и ангажман, потенцира Вилсон.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД