Атинска декларација: Конректни мерки за новата визија за Европа

Од:

Шефовите на држави и влади на седум медитерански земји-членки на Европската унија усвоија вчера Атинска декларација по состанокот во Атина, нагласувајќи ја својата посветеност на европското единство и уверување дека претстојниот самит на ЕУ во Братислава треба да го постави политичките темели за новата визија на Европа.

Лидерите на Кипар, Франција, Грција, Италија, Малта, Португалија и Шпанија оценија во текстот на Декларацијата дека на ЕУ и е потребен нов поттик за да одговори на заедничките предизвици со кои се соочуваат државите-членки, со јакнење на вредноста на слободата, демократијата и владеењето на правото, како и толеранцијата и солидарноста.

– Визијата на Европа мора да биде заснована на конкренти мерки, кои ќе придонесат за безбедноста на европските граѓани и подобрување на нивните животи, ќе ја зацврстат глобалната и регионалната улога на Европа, ќе ја унапредат работата на европските институции и ќе ја обезбедат нивната демократска одговорност, се наведува во текстот.

– Европскиот проект мора да се гради врз основа на перспективите на Медитеранот како регион на мирот стабилноста и просперитетот, се порачува во Декларацијата.

Лидерите на медитеранските земји-членки на ЕУ предлагаат како конкретни мерки обезбедување на внатрешна и надворешна безбедност на Европа, јакнење на соработката во регионот на Медитеранот и со африканските земји, поттикнување на стопанскиот раст и инвестирањето во Европа, јакење на програмата за млади и пружање одговор на предизвиците на миграцијата.

Италијанскиот премиер Матео Ренци порача по самитот во Атина дека е потребна поинаква Европа.
– Зборуваме за морал, за нашата иднина, заснована на големи идеи, а не само на бирократија и национализам, рече Ренци на заедничката прес-конференција.

Според него Атинската декларација е мошне важна бидејќи претставува дополнителна вредност за описот на Европа, која се разликува од досегашната.

– Идната Европа треба да биде засновата на длабоки вредности, тоа треба да биде „социјална Европа на идеи и убавина“, заклучи италијанскиот премиер, нарекувајќи ја Европа „мека сила, на која треба да и се даде вистински идентитет“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис утре во Скопје за министерскиот состанок и самитот во рамките на ПСЈИЕ

Пеколни горештини во Грција, затворени се основните училишта, постои опасност од пожар

Горан Наумовски

Чичкото на младата Василики е осомничен за нејзината смрт

Горан Наумовски

Грција: Партијата на премиерот Мицотакис освои најмногу гласови на изборите за ЕП

Пронајдено e телото на познатиот британски ТВ лекар кој исчезна во Грција

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа