Грчкото Министерството за надворешни работи упати извинување до Тирана во врска со инцидентот што се случи на прес конференцијата во Атина вчера на која говореа шефовите на дипломатиите на Албанија и Грција Едмонд Панарити и Димитрис Аврамопулос, а албанското знаме беше завртено наопаку.
Притоа се изразува жалење за инцидентот и се наведува дека станува збор за ненамерна грешка и пропуст од технички карактер.
„Овој настан не може да делува негативно на успешната посета што ја имавте во Грција“ нагласил Аврамопулос во телефонскиот разговор штом го имаше во четвртокот со Панарити, јавија албанските медиуми.