Атина: Грција го гарантира суверенитетот и територијалниот интегритет на Кипар

Од:

Грција го гарантира суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Кипар, и покрај постоечките тешкотии со кои се соочува, изјави грчкиот министер за одбрана Димитрис Аврамопулос по средбата со кипарскиот колега Фотис Фотиу.

Аврамопулос истакна дека соработката меѓу Грција и Кипар вклучува широка област на прашања, вклучувајќи ја одбранбената способност со цел заштита на интересите на двете земји.

– Грција ќе го поддржува во сите етапи барањето на Кипар за членство во програмата „Партнерство за мир“, изјави Аврамопулос.

Од своја страна, Фотиу изјави дека експлоатацијата на природните ресурси на Кипар е суверено право на земјата и никој не може да го оспорува тоа право.

– Обидите да бидете дискредитирани или уценувани нема да не спречат во остварувањето на нашите планови, рече Фотиу и додаде дека кипарската Влада ќе направи се што е можно, за да ја одржи високата борбена готовност на вооружените сили на земјата.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот