Атина: Добивме поддршка од Вашингтон за отпис на долгот

Од:

Грција доби поддршка од Вашингтон за отпис на нејзиниот долг, изјави грчкиот државне министер Никос Папас во интервју за весникот „Волстрит Џурнал“.

Папас, кој изминативе престојуваше во посета на САД во потрага по инвеститори, ијзави дека Грција нема да се согласи на нов договор со меѓународнита „тројка“, се додека не биде решено прашањето за отпшување на нејзиниот долг од страна на европските кредитори.

– Сакаме реални решенија за долгот, а не половични, Доста беше одлагања, изјави Папас во интревјуто.

Тој посочува дека во моментов посотојат несогласувања меѓу Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и ЕУ околу проблемот со грчкиот долг, но нагласува дека сепак очекува до средбата на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, закажана за 24 мај, Грција да постигне договор со европските партнери за долгот.

За разлика од оптимизмот на Папас, потпретседателот на Европската Комисија и комесар за еврото и социјален дијалог, Валдис Домбровски во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изјави дека до министерската средба на еврогрупата не очекува да биде постигнат договор за грчкиот долг.

– Нема да имаме целосно решение на проблемот со Грција до средбата на министрите за финансии на 24 мај, потенцира Домбровскис во интервјуто.

Домбровскис изјави дека грчката Влада наместо да обезбеди дополнителни средства преку намалување на буџетските трошоците, решила тоа да го стори преку зголемување на даноците.

– За време на нашите преговори со грчката страна ние укажавме дека намалувањето на буџетските трошоци ќе има помало негативно влијание врз растот отколку зголемувањето на даноците, но Владата во Атина сепак се реши за таа мерка, додаде Домбровскис.

Би можело да ве интересира

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам