Атанас Герџиков за кандидат за претседател на Бугарија, ќе добие поддршка од ГЕРБ на Борисов

Од:

Иницијативен комитет ќе го предложи актуелниот ректор на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, проф. Атанас Герџиков, за кандидат за претседател на Бугарија, јавија голем број бугарски медиуми. Најверојатно Герџиков ќе биде поддржан од партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ.

Проф. Герџиков е ректор на најстариот бугарски универзитет од 2015 година. Тој во моментов е на почетокот на својот втор мандат.

Во 2001-2003 година, Герџиков беше заменик министер за образование и наука во владата на Симеон Саксобурготски и неговото движење НМСС. Тој исто така бил и менаџер на „Фондот за истражувања“ и член на специјализираниот совет за книжевни студии на Високата комисија за атестирање.

Герџиков завршил национална гимназија за антички јазици и култури, а потоа дипломирал класична филологија на Универзитетот во Софија. Студирал на Универзитетот Хумболт во Берлин, каде што магистрирал, а од 2006 година е доктор по филологија. Од 2008 година е професор по античка и средновековна литература. Предава за латинската и римската литература на Одделот за класична филологија на Софискиот универзитет. Неговите истражувачки интереси се во областа на римската литература и политичката теорија за антиката и средниот век. Автор е на четири монографии и над четириесет студии и статии од областа на античката литература и регулирањето на високото образование.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски