Асен Василев: Бугарија никогаш нема да преговара со Гаспром за нов договор за испорака на гас од Русија

Од:

Вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев за време на блиц-контролата во собраниската комисија за буџет и финансии во Народното собрание изјави дека Бугарија нема да преговара со руската компанија „Гаспром“, јави дописникот на МИА од Софија.

Василев објасни дека кога Гаспром ќе реши да го исполни договорот со Бугарија, тогаш Бугарија ќе има гас од Русија. Бугарскиот министер за финансии коментира дека Гаспром го стопирал гасот на малите земји со мали количини, чии договори истекуваат релативно брзо. Тој потсети дека руската страна еднострано го прекинала снабдувањето со гас за Бугарија. Според Василев, доколку Бугарија преговара со Гаспром, ќе остане без гас и парно.

– Имаме докажан несигурен партнер, рече Асен Василев во однос на Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?