Апостолова: Косовските институции да расчистат со функционерите обвинети за корупција

Од:

Шефицата на канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталиа Апостолова побара од косовските институции да ги отсранат од своите редови официјалните лица кои се обвинети за корупција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Апостолова на денешната Меѓународна конференција за борба против корупцијата што се одржа во Приштина ги повика косовските власти да усвојат повеќе антикорупциски закони, меѓу кои и оној кој предвидува отстранување од државните институции на лицата кои се соочуваат со обвиненија за корупција.

– Битно е да се има закони со високи стандарди и да се вршат внатрешни контроли. Борбата против корупцијата е клучен приоритет за ЕУ во регионот, изјави Апостолова.

Таа порача дека борбата против корупцијата и мерките за нејзино спречување директно влијаат на прашањето за визна либерализација за граѓаните на Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“

Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува