Антиќ-Сијарто: Подготвени сме за Јужен тек, но не зависи се од нас

Од:

Српскиот министерот за енергетика и рударство Александар Антиќ изјави денеска дека наскоро ќе продолжи изградбата на Турскиот тек кон Бугарија и истакна дека Србија е подготвена да се приклучи.

– Значаен проект за нас е можноста преку нашиот регион да продолжи делницата на Турски тек. Кракот под Црното Море во текот на ноември ќе се изгради до турското крајбрежје, а потоа ќе започне со изградба гасоводот кон Бугарија, рече Антиќ на отворањето на дводневната меѓународна конференција за енергетска безбедност на Евроазија, која се одржува во српското Собрание.

– Можноста 10 до 15 милијарди кубни метри руски гас од Турција да поминат кон Бугарија, Србија, Унгарија и Австрија е сериозна шанса да се подобри енергетската безбедност, со што ќе се отвори можноста за развој на гасификацијата и гасната економија, рече Антиќ.

Тој истакна дека со пристапувањето на Турски тек, наведените земји ќе станат транзитни и ќе остваруваат значителни профити.

– Србија посветува големо внимание на овој проект и подготвена е да ја искористи можноста од проектот, но ова не зависи само од нас, тука се нашите соседи Бугарија и Унгарија, истакна тој.

Антиќ рече дека за Србија исто така е важно да се поврзе со Јужниот гасен коридор и гасоводите ТАНАП и ТАП и Каспискиот басен, преку ЛНГ терминалот во Грција или гасните конекции помеѓу Грција и Бугарија.

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Питер Сијарто, на конференцијата рече дека не гледа причина зошто „Јужен тек” не може да се изгради, односно да се продолжи со протокот на гасот од Турција кон Бугарија, Србија и Унгарија, и зошто овој проект трпи големи напади од ЕУ, кога постои блиска соработка меѓу Русија и земјите од Западна Европа.

– Што е спорно со „Јужен тек”, да не е тоа што можеби во Северниот тек се вклучени силните земји во Европа и нивните компании, додека во Јужен тек учествуваат помалите земји. Ова не значи дека Европската комисија треба да има поинаков пристап кон земјите од Централна и Источна Европа, порача Сијарто.

Тој потсети дека овие земји честопати се обвинуваат за соработка со Русија, додавајќи дека на неодамнешната енергетска конференција во Русија учествуваа најголемите четири енергетски компании од Европа и дека никој не ги обвини за соработка со Русија.

– Кога ќе се погледа под површината, постои тесна соработка меѓу Русија и земјите од Западна Европа, не само во енергетска смисла, туку и пошироко, рече Сијарто.

Тој изјави дека земјите од Централна и Источна Европа треба да се придржуваат на четири принципи, а тоа е дека одлуките за енергетска безбедност ги носат сами и во согласност со своите интереси, да го подигнат гласот против двојните стандарди наметнати од ЕУ, самите да изнајдуваат енергетски „миксеви“, како и дека за овие земји, евроазиската соработка е задолжителна.

Тој додаде дека земјите од Централна и Источна Европа во историјата секогаш страдале и биле губитници поради конфликтите на Истокот и Западот, и оти тоа во иднина тоа не смее да се дозволи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени