Антиисламистички протест пред Бранденбуршката порта

Од:

Активисти на десничарско антиисламистичко движење денеска одржаа едночасовен протест пред Бранденбуршката порта во Берлин.

Демонстрантите побараа безбедност на германските граници. Полицијата соопшти дека 15 лица биле накратко приведени поради протестот и веројатно ќе добијат кривични пријави поради заплашување и кршење на законот за собир на јавно место.

Портпаролката на берлинската полиција, Патриција Бремер, изјави дека собирот бил организиран од Идентитетското движење.

Германската разузнавачка служба на почетокот од месецов почна да го надгледува ова екстремно десничарско движење, бидејќи претпоставува дека негова цел е поткопување на демократијата.

Би можело да ве интересира

Берлин нареди депортација на тројца граѓани на ЕУ и еден Американец

„Кој е следен“: Ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните

Горан Наумовски

Свирежи до Владата, a потоа 16-минутен молк за жртвите од Кочани

Горан Наумовски

„Вие сте херои“ – граѓаните ги поздравија медицинските работници

„Секој еден, може да е следен”, „Правда за жртвите”, извикуваат граѓаните на денешниот марш во Скопје

„Кој е следен“: Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно

Горан Наумовски