Анкети: Две недели пред изборите во Грција, Сириза се уште во водство

Од:

Анкетите во Грција покажуваат дека грчкиот премиер Андонис Самарас последните две недели пред изборите на 25 јануари не успева да ја намали предноста на неговиот главен противник, Алексис Ципрас од Сириза, јави дописникот на МИА од Атина.

Анкети на „Капа рисрч“ и „Алко“ покажуваат дека Сириза води пред партијата Нова демократија на Самарас со 2,6 и 3,2 процентни поени. Анкетата на „Капа“ за вчерашното издание на „То Вима“, која весникот ја објави на насловната страница под наслов „Можност на левицата“, покажува дека Сириза има 28,1 отсто поддршка, а Нова демократија 25,5 проценти.

– Има постојан тренд на водство на Сириза со мала предност во однос на Нова демократија, изјави Димитрис Сотиропулос, вонреден професор по политички науки на Универзитетот во Атина. Според него, насловот би можел да биде значаен, со оглед на тоа што медиумската група на која и припаѓа „То Вима“ досега е „млака околу изгледите за победа Сириза“.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица