Анкета: За 74 отсто од Грците подобро е земјата да остане во еврозоната

Од:

На референдумот в недела Грците ќе кажат гласно „да“ за поддршка на еврото, а резултатот од општонародното изјаснување ќе биде со разлика од 1,4 отсто во корист на оние што ќе гласаат со „да“, покажува последното истражување на социолошката агенција АЛКО, изготвено за грчкиот весник „Етнос“.

Според податоците од истражувањето, 44,8 отсто од Грците се очекува в недела да кажат „да“ за планот на кредиторите, а 43,4 отсто да одговорат со „не“.

Дури 61 отсто од анкетираните се убедени дека при гласање со „не“ постои опасност Грција да излезе од еврозоната.

Огромно мнозинство од 74 проценти од испитаниците смета дека е подобро Грција да остане во еврозоната, додека 15 проценти повеќе сакаат враќање на националната валута – драхмата.

Авторите на истражувањето очекуваат разликата меѓу „да“ и „не“ да се зголеми во корист на позитивното изјаснување, бидејќи процентот на неопределни за која опција да гласаат расте. Колебливите, меѓутоа, изјавуваат дека ќе се залагаат за еврото, односно од тоа може да се претпостави дека својот глас ќе го дадат за „да“.

Како неопределени се изјасниле 11,8 отсто од анкетираните.

Анкетата била спроведена во периодот меѓу 30 јуни-1 јули меѓу 1.000 лица.

Би можело да ве интересира

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска