Анкета: СИРИЗА со три проценти поголем рејтинг од Нова Демократија

Од:

Предноста на грчката лево-ориентирана опозициска партија СИРИЗА пред владејачката конзервативна Нова Демократија се намали на три проценти, покажува истражувањето на јавното мислење, објавено откако премиерот Андонис Самарас предложи предвремени избори да се одржат на 25 јануари.

Анкетата, спроведена од агенцијата Марк за телевизијата Алфа покажува дека СИРИЗА, која се спротистави на мерките за излез од економската криза, ужива доверба на 28,1 процент од гласачите, а Нова Демократија на Самарас – 25,1 отсто, објави весникот „Катимерини“.

Поддршката за Социјалистичката партија ПАСОК изнесува 4,6 проценти.

Според анкетата од истата агенција, која која беше спроведена пред две седмици, СИРИЗА имаше предност пред Нова Демократија од 3,5 проценти.

Вчера, Самарас предложи одржување предвремени парламентарни избори на 25 јануари, откако Парламентот не успеа ниту во третиот обид да избере претседател на земјата.

Истовремено, телефонско проучување со кое беа опфатени 1.017 домаќинства спроведено меѓу 26 и 28 декември, покажа дека 58,6 отсто од Грците се против предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит