Анкета: Педесет и три отсто од Грците сметаат дека е погрешно приклучувањето во еврозоната

Од:

Педесет и три отсто од Грците сметаат дека е погрешна одлуката за присоединување на нивната земја во еврозоната, а само 38 проценти се убедени дека тоа е правилно, што претставува голем пресврт во нивните размислувања во врска со ова прашање.

Тоа го покажува најновото истражување на социолошката агенција Алко, поради што авторите стравуваат од промените кои би можеле да следат по таквиот резултат од анкетата.

Истражувањето покажало и различни мислења на Грците за судбината на еврозоната. Четириесет и еден отсто од испитаниците оцениле дека еврозоната веќе нема да постои, 40 проценти го мислат спротивното, а 19 отсто не одговориле на тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина