Анкета: Над 80 проценти од Словенците не се задоволни од работата на Владата

Од:

Според месечната анкета на словенечката телевизија Поп ТВ и љубљанскиот весник „Дневник“ 84 проценти од Словенците не се задоволни од работата на Владата на Јанез Јанша.

Само 14 отсто ја поддржуваат, тоа е најлошиот рејтинг на која било словенечка влада.

Резултатите покажуваат дека 36 проценти од испитаниците излезот од актуелната политичка криза го гледаат во предвремени парламентарни избори, на кои најголемиот број би гласале за Социјалдемократите.

Вледејачката коалиција во Словенија се распадна поради одбивањето на премиерот Јанез Јанша да поднесе оставка по скандалот со корупцијата.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски