Анкета: Над 60 отсто од Хрватите се за блокирање на европската интеграција на Србија

Од:

Над 60 отсто од граѓаните на Хрватска сметаат дека членството на Србија во ЕУ треба да се поврзе со решавање на споровите со соседна Хрватска, покажува истражувањето на „Алфеус полиси инсајт“ во соработка со „Ипсос пулс“, јави Танјуг.

На прашањето дали треба најмладата земја членка на ЕУ да ги блокира преговорите на Србија со ЕУ поради нерешените спорови, како што Словенија ги блокираше преговорите на Хрватска, 61,5 проценти од анкетираните одговориле „да“, 26,3 отсто „не“, а 12,2 проценти не дале конкретен одговор.

Најмногу граѓани кои сакаат Хрватска да ги блокираат преговорите на Србија со ЕУ има меѓу лицата со високо образование, односно 69 проценти од анкетираните. Меѓу граѓаните со основно образование 59 отсто, а со средно образование 61 процент.

Најмногу приврзаници ваквата политика има во Загреб, меѓу 74 отсто од испитаниците, додека најмногу противници на блокирањето на преговорите на Србија со ЕУ, 41 процент има во северниот дел на Хрватска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски