Анкета: Мнозинството Грци сакаат компромис со кредиторите

Од:

Мнозинството Грци сакаат Атина да постигне компромисна спогодба со странските кредитори за да се избегне ризикот од излегување од еврозоната, покажува истражувањето на агенцијата Капа рисрч, чии резултати ги објави весникот „Катимерини“.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 71,9 отсто од грчките граѓани сакаат спогодба со кредиторите, а 23,2 отсто сметаат дека Владата треба да ги отфрли сите компромиси.

Според 72,9 отсто од анкетираните Грција треба да остане во еврозоната, а 20,3 проценти сметаат дека за земјата е подобро да ја врати драхмата.

Резултатите покажуваат дека 68,8 отсто од Грците стравуваат дека земјата ќе излезе од еврозоната, додека 24,1 отсто сметаат дека ризикот е избегнат.

Околу 80 отсто од Грците сакаат земјата да остане членка на Европската унија, а 73,7 отсто го поддржуваат членството во НАТО.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит