Анкета: Мнозинството Бугари се за неутралност во однос на војната во Украина

Од:

Мнозинството бугарски граѓани сметаат дека земјата мора да ја задржи неутралноста во однос на војната меѓу Русија и Украина, покажуваат податоците од студијата на „Маркет Линкс“, финансирана и спроведена заеднички со бТВ меѓу 1.029 возрасни Бугари во периодот од 22. до 29 март преку директна – лично интервју и онлајн анкета.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, 67 отсто од Бугарите поддржуваат неутралност во конфликтот, додека 16 отсто сметаат дека Бугарија треба активно да ја поддржува Украина, вклучително и со испорака на оружје.

Социологот Добромир Живков од агенцијата „Маркет Линкс“ за бТВ изјави дека бугарското општество е поделено на три големи сегменти. Едниот сегмент ги опфаѓа они кои сочувствуваат со Путин и продолжуваат да ја оправдуваат руската агресија во Украина. Вториот сегмент, кој е и најголем, балансира меѓу екстремните сегменти на поддржувачи и противници за поактивна акција за време на војната во Украина. Во третиот влегуваат 21 отсто кои сметаат дека Бугарија треба да застане до Русија во овој конфликт во Украина, 36 отсто сметаат дека нивната земја треба да ја следи линијата на НАТО и ЕУ против Русија, додека 43 отсто се на средина.

Во однос на санкциите против Русија, 41 процент сметаат дека тие се фер, но задоцнети, додека 34 отсто сметаат дека се крајно нефер и 25 отсто не можат да судат или да се двоумат.

Во однос на војната во Украина, повеќето Бугари сакаат водечки меѓународен партнер на Бугарија да биде Германија, а потоа САД и Русија.

Од анкетираните 57 отсто очекуваат да има предвремени избори во Бугарија. „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков останува прва сила во Бугарија.

„Три четвртини од Бугарите би гласале ‘за’ нивната земја да остане во ЕУ, а 60 отсто поддржуваат останување во НАТО, што е највисок процент во последните години, вели социологот Живков.

Од анкетираните, 55 отсто ја поддржуваат изјавата дека Бугарија не може да ја гарантира својата национална безбедност надвор од НАТО, додека 25 отсто се со спротивно мислење.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?