Анкара: Посетата на Бајден на Кипар е позитивен чекор

Од:

Посетата на американскиот заменик-претседател Џо Бајден на Кипар за Турција е позитивен чекор кој може да даде импулс на преговорите меѓу кипарските Грци и Турци за обединување на островот, објави „Хуриет дејли њуз“.

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу истакна дека и другите членови на меѓународната заедница треба да го следат примерот на Бајден и да го посетат Кипар за да го поттикнат процесот.

Давутоглу истакна три важни точки за кипарскиот проблем – договарање на заедничка декларација за основните принципи според кои ќе се водат преговорите, започнување на официјални разговори и засилен меѓународен интерес за постигнување на решение.

Бајден ќе го посети Кипар на 22 мај.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот