Анкара: Нема никакви пречки за екстрадиција на Фетула Ѓулен од САД

Од:

Турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул денеска изјави дека веќе не постојат никакви пречки за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен од САД во Турција.

Турските власти го обвинуваат Ѓулен дека стои зад минатогодишниот обид за државен удар во земјата и преговараат со Вашингтон за барањето за негова екстрадиција.

– Сите преземени обврски беа исполнети согласно договореното. Официјално веќе нема никакви пречки за екстрадицијата на Ѓулен, изјави министерот Ѓул.

Ѓулен живее во доброволен егзил во САД од 1999 година и од својот имот во американската сојузна држава Пенсилванија раководи со меѓународна фондација сопственик на училишта и други организации, за кои турските власти велат дека биле директно вмешани во обидот за државен удар.

Турција тврди дека на САД им ги предала сите докази за вмешаноста на Ѓулен во обидот за пуч, како дел од барањето за екстрадиција.

– Бараме САД да ни го екстрадираат овој водач на терористичка организација која уби 250 луѓе во Турција, што е документирано со докази и со судски пресуди, додаде Ѓул.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ