Анкара го игнорира прогласувањето на исламски калифат од ИДИЛ, соопшти турското МНР

Од:

Анкара го игнорира објавувањето на исламски калифат од групата Исламска држава во Ирак и Левантот (ИДИЛ), соопшти турското МНР.

ИДИЛ е терористичка организација и Анкара не придава значење на тоа на каков начин се карактеризира „една терористичка организација“, наведува претставник на Министерството.

Џихадистите од ИДИЛ, кои учествуваат во борби во Сирија и Ирак, објавија воспоставување на исламски калифат и истакнаа дека групата веќе се нарекува „Исламска држава“.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу вчера телефонски разговараше на таа тема со претседателот на Парламентот Усама Абдел Азис ал Наџафи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски