Анкара би можела да купи руски воени авиони „Су-57“

Од:

Турција би можела да ја разгледа опцијата за набавка на руски борбени авиони „Су-57“ доколку американскиот Конгрес не одобри Анкара да купи повеќенаменски борбени авиони „Ф-16“ од американско производство.

Во написот објавен во денешнот издание на истанбулскиот весник „Милет“, инаку гласило блиско до турските власти, се наведува дека Анкара побарала од Вашингтон да дозволи продажба на 40 борбени авиони-ловци „Ф-16“ Блок 70, 80 и 90 комплети опрема за надградба на основната верзија на моделот „Ф-16“ какви што се веќе има во составот на турското воено воздухопловство.

Доколку барањето на биде одобрено, Анкара ќе бара алтернативни решенија, меѓу кои спаѓа и набавка на руските воени авиони Сухој поточно моделот „Су-57“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина