Анкара бара почитување на правата на Турците во Грција

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска ја повика Грција да ги почитува правата на турското малцинство во Западна Тракија.

Како што јави Анадолија, Чавушоглу ги обвини грчките власти дека со својата политика ги кршат правата на Турците во земјата.

Чавушоглу нагласи дека Грција мора да ги почитува правата на турското малцинство, кое, според него, е „мост на мирот“ меѓу двете земји.

Според него, за разлика од Грција, Турција целосно ги почитува правата на Грците што живеат на нејзина територија.

Во јуни годинава Комитетот на министри на Советот на Европа уште еднаш упати предупредување до Атина поради неспроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права од 2007 година, која се однесува на положбата на Турците во Западна Тракија, област на крајниот североисток на Грција.

Атина од своја страна со години ја игнорира пресудата, повикувајќи се на ставот дека во земјата не постојат национални малцинства, туку само „муслиманско малцинство“, кое во најголем дел живее во Западна Тракија.

Чавушоглу оцени дека ваквиот ства на Грција противречи на меѓународното право, бидејќи „никој не може на луѓето да им забарани да се нарекуваат Турци“.

Шефот на турската дипломатија ја повика Грција на „искрен дијалог“ меѓу двете земји за решавање на сите спорни прашања, меѓу кои и за кипарскиот проблем.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата