Меморандумот за разбирање, потпишан оваа недела меѓу Соединетите Американски Држави и Кипар, ќе им наштети на напорите за решавање на кипарското прашање, наместо да придонесе за мир и стабилност, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.
„Меморандумот за разбирање, потпишан на 12 септември 2020 година помеѓу администрацијата на САД и Кипар, кој предвидува формирање Центар за безбедност на копно, поморство и пристаниште, „ја игнорира кипарската турска страна“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Хали Аксој.
Тој рече дека чекорите преземени од САД за укинување на ембаргото за оружје против кипарските Грци и вклучување на грчката страна во својата програма за меѓународно воено образование и обука (ИМЕТ) ја нарушија рамнотежата меѓу двата народа на островот и ги зголемија тензиите во источниот Медитеран.
– Ги повикуваме Соединетите Американски Држави да се вратат на својата традиционална политика на неутралност во однос на островот и да придонесат во напорите за решавање на кипарското прашање, рече Аксој.
На 1 септември, САД до 2021 фискална година ги укинаа ограничувањата за извоз на несмртоносна опрема за одбрана и обезбедување услуги во оваа област наменети за Кипар.