Ангела Меркел предупреди за руското влијание во Србија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предупреди дека конфликтот во Украина може да прерасне во поголема спротивставеност и во тој контекст го посочи руското влијание во Србија, Молдавија и Грузија, јави Танјуг.

– Не станува збор само за Украина. Станува збор и за Молдавија, Грузија и ако продолжи така, човек треба да се запраша и за Србија и земјите од Западен Балкан, изјави Меркел во обраќање на Институтот „Лоуи“ за меѓународна политика во Сиднеј.

Меркел предупреди дека Русија во стар стил на размислување гледа на Украина како на своја сфера на влијание и го поткопува меѓународното право.

– По ужасот на двете светски војни и крајот на Студената војна мирот во Европа е ставен пред искушение, изјави Меркел.

Стратегијата на рускиот претседател Владимир Путин за Западен Балкан го вознемири Берлин, пишува денеска германскиот весник „Шпигел“, наведувајќи дека владата на канцеларката Ангела Меркел е вознемирена од руската агресивна антизападна политика на Балканот.

„Шпигел“ се повикува на доверлив документ од министерството за надворешни работи за влијанието на Русија во Србија, каде се наведува дека Москва се обидува да вопостави тесни врски со Србија со воена соработка и испорака на гас.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград