Андреа (29) и Маријан (38) се убиени во автомобил во гаража во Загреб

Од:

Полициската истрага траеше цела ноќ во гаражите на улицата Црна Вода во областа Подсљеме, Загреб каде што синоќа беа застрелани двајцата млади.

Како што објави „Јутарњи лист“, Андреа К. (29) од Шестине и Маријан Ц. (38) од Пречко се убиени под сè уште неразјаснети околности во бел караван „ауди а4“, кој во времето на злосторството се наоѓал во гаражата на модерна вила со простор за три автомобили.

Некои жители слушнале најмалку десет истрели, по што полицијата брзо била повикана на помош.

Беше во 19:08 часот и оттогаш сите полициски сили се на нозе. Два часа откако беа собрани првите докази од местото на трагедијата, Полициската управа во Загреб заклучи дека станува збор за двојно убиство со огнено оружје – соопшти хрватската полиција.

По извршениот преглед, телата се пренесени на обдукција во Одделот за судска медицина и криминалистика.

Би можело да ве интересира

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

Американка ги уби двајцата поранешни сопрузи во ист ден – и се заканува смртна казна

А1он

Разбојници со пиштоли упаднаа во куќа во Загреб – малолетник ги избрка

А1он

ВИДЕО: Евакуација на три трговски центри во Загреб поради дојави за бомби

Катерина Ѓуровски

Во Загреб, ветерот ја откорна фасадата на нова зграда, падна врз автомобили

Предраг Петровиќ

Откажана е наставата во средните и основните училишта во Загреб