Анастасијадис е за обновување на преговорите за обединување на Кипар

Од:

Кипарските Грци сакаат со мирен дијалог да се постигне праведно и одржливо решение за обединување на поделениот остров и да се стави крај на „турската окупација“, изјави кипарскиот претседател Никос Анастасијадис.

Тој додаде дека своите позиции јасно ги претставил пред генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и пред сите други актери вклучени во преговорите.

За кипарските Грци било невозможно да се прифатат турските позиции изнесени на разговорите во Швајцарија, затоа и тие пропаднале. Тој посочува дека целта на разговорите е островот да остане реално независна држава, управувана од нејзините жители, а не од страна на турските власти.

Анастасијадис пред Гутереш ја пренел и подготвеноста на кипарските Грци повторно да седнат на преговарачка маса и да се направи обид за решавање на спорот.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ