Анастасија и нејзините братучетки пронајдени мртви по несреќата во Грција: Телата идентификувани со ДНК анализа

Од:

Телото на Анастасија и нејзините братучеди близначките Томи и Криса, кои загинаа во железничката несреќа во Грција, се идентификувани со помош на ДНК анализа.

Трите студирале во Солун и решиле за време на продолжениот викенд да отпатуваат во родниот град.

„Ова требаше да биде безгрижен викенд за нивните семејства и никој не можеше да претпостави дека ќе се случи ваква трагедија. Трите биле во патничкиот воз во моментот на несреќата и за жал го загубиле животот“, пишува Прототема.

Родителите на близначките, кои случајно се сопственици на познат ресторан, морале да отпатуваат во Лариса за да дадат примерок од ДНК, преку кој било утврдено дека починатите девојки се нивните ќерки.

Во судирот на два воза во Грција загинаа најмалку 43 лица, а десетици други се повредени.

Поради трагедијата во Грција е прогласена тридневна жалост.

Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата ќе треба да одговори на прашањето како е можно двата воза кои се судриле да минуваат цел километар по иста пруга.

Ова е најтешката сообраќајна несреќа во Грција во последните неколку децении.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски