Анастасиадис: Нема преговори за кипарското прашање додека турските бродови провоцираат

Од:

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис вчера изјави дека преговорите за обединување на Кипар ќе бидат замрзнати се додека турски бродови остануваат закотвени на кипарските пристаништа, со што не му дозволуваат на Кипар да врши пронаоѓање на гас покрај брегот на островот.

Тој во октомври минатата година ги замрзна преговорите со кипарските Турци за обединување на островот, по што Турција испрати свои истражувачки бродови во овој реон, каде кипарската Влада им издаде лиценца на неколку странски фирми за пронаоѓање на гас. Претседателот ја оцени ваквата активност на Турција како провокација и кршење на правата на Кипар врз сопствените територијални води.

– Моето учество во дијалогот за решавање на кипарскиот проблем не е можно се додека суверените права на Република Кипар се нарушуваат, истакна Анастасиадис.

Американската компанија „Нобел енерџи“ го откри првото наоѓалиште на гас во близина на островот кон крајот на 2011 година. Конзорциум од италијанската компанија ЕНИ и јужнокорејската „Когаз“ моментно ги истражуваат другите реони покрај јужниот брег на Кипар.

Турција тврди дека Кипар нема права над природниот гас и секое наоѓалиште треба да биде споделено со кипарските Турци.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ