Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис денеска изјави дека нема да сака да организира референдум за евентуалниот договор за повторно обединување на островот, доколку не е убеден дека предлогот ќе биде одржлив.
Во интервју за Ројтерс, кое го пренесува БТА, Анастасиадис посочи дека траен договор би бил во интерес и на Турција, која има свои војници во северниот дел на островот, уште од војната во 1974 година
Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинџи ќе ги продолжат мировните преговори на 11 април, по двомесечна пауза.
– Ако јас не сум убеден дека она што се обидуваме да го постигнеме, ги исполнува нашите очекувања и оние на двете заедници, тогаш нема да сакам да го предложам за гласање, изјави Анастасиадис, чиј мандат истекува следниот февруари. Тој не досега не соопштил дали ќе се кандидира повторно.
– Треба да биде избалансиран договор кој не создава чувство дека едната страна заработува на сметка на другата, истакна шефот на државата.