Анастасиадис ќе ги прекине преговорите за обединување на Кипар

Од:

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис ќе го прекине процесот на преговори за обединување на островот, како одговор на плановите на Турција да ги испитува наоѓалиштата на нафта и природен гас во морето, за кои кипарската Влада веќе издала решенија за истражување на некои компании.

Портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис истакна дека денешната одлука на Анастасиадис е резултат на „провокативните и агресивни“ акции на Турција со кои се кршат суверените права на Кипар и се крши меѓународното право.

Анастасиадис ја донел одлуката за прекин на преговорите по консултации со лидерите на парламентарните партии.

Портпаролот Христодулидис не прецизира кога ќе бидат обновени преговорите, додавајќи оти секое решение ќе зависи од развојот на настаните.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ