Група од околу 20 лица нападнаа синоќа полициска станица во центарот на Атина, фрлајќи молотови коктели, при шти опожарија два мотоцикли пред да избегаат.
Според полицијата врз станицата биле фрлени вкупно десет молотови коктели. Еден од опожарените мотоцикли и припаѓал на полицијата, а другиот на цивилно лице.
Полицијата не соопшти за ранети или уапсени лица.
Полициските станици често пати стануваат цели на анархистичките групи во Грција, кои нападите најчесто ги извршуваат со молотови коктели.